Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Историја: Во 1948 година бил формиран и боксерски клуб
Историја: Во 1948 година бил формиран и боксерски клуб

Историја: Во 1948 година бил формиран и боксерски клуб

Боксерскиот клуб на Вардар бил формиран во 1948 година. Веќе во првата година на своето постоење преку тогашните боксери: Леов, Николовски, Нешов, Неделковски, Стојановски, се видело дека квалитетот е присутен, па во натпреварите на Републичката лига било освоено II место. Едно време екипата се натпреварувала и во II сојузна лига. Најголемите успеси од клубот се врзани со: Панче Левов, Круме Николовски, Томе Неделковски, Бојо Нешов, Љубе Оклевски, Перо Трајковски. Тие биле повеќекратни републички првации учесници на државни првенства.

Ајдар Демир во 1963 година станал сениорски првак на Југославија во бантам категорија. Живко Дуковски го освоил II место во мува категорија на поединечното првенство на Југославија во сениорска конкуренција во 1957 година. Боите на репрезентацијата на Југославија ги бранеле: Панче Левов, Ајдар Демир, Дамјан Костовски.

Ова беше мал извадок за Боксерскиот клуб на Вардар кој почнувајќи од 1948 година бележел добри резултати.