Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарците Стоилов и Поповски во составот за натпреварот со Тунис!
Вардарците Стоилов и Поповски во составот за натпреварот со Тунис!

Вардарците Стоилов и Поповски во составот за натпреварот со Тунис!

Селекторот на Македонската ракометна машка селекција одлучи двајцата играчи на Вардар, пивотменот Стојанче Стоилов и крилото Мартин Поповски кои се со експедицијата во Франција да конкурираат за денешниот натпревар. И двајцата наши играчи ќе бидат во тимот, односно ќе чекаат шанса за настап.

Вкупно 19 ракометари отпатуваа за Мец – Франција, вчера следеше последно “кратење“ по  кое  нашите вардарци  добија довербата на стручниот штаб  да се најдат помеѓу 16 играчи кои ќе го носат “црвено-жолтиот” дрес. “Скратени“ од списокот на овој меч се следниte тројца играчи: Никола Митревски (гомна), Жарко Пешевски (пикер) и Ристо Арнаудовски (бек). Капитенот на Вардар Стоилов е многу искусен, за нашиот играч ова е дури четврто СП, своето деби го имаше во 2009 година. За младиот Мартин Поповски ова е дебитантски настап за А-селекција на Македонија.

Македонската репрезентација игра во група со селекциите на: Тунис, Ангола, Шпанија, Словенија и Исланд. Денешниот дуел започнува со почеток во 17-45 часот, и од истиот може да се проследи директен пренос на Македонската радио телевизија на нејзиниот прв програмски канал.