Веќе е познато кога младите вардарки предводени од Симе Симовски, ракометарките на втората екипа ќе гостуваат во Шведска во рамките на Челинџ купот. Девојките кај екипата на Хоорс во рамките на осминафиналето на Челинџ купот гостуваат на 5 февруари. Овој натпревар ќе биде одигран со почеток во 15 часот.
Познат е терминот и за реваншот во Скопје. Тој е закажан за 12 февруари, со почеток во 13 часот. Мечот ќе биде одигран во Спорсткиот центар „Јане Сандански”. Девојките на Симовски веќе трета година по ред играат во европските купови. Нивната цел сезонава е да го повторат ланскиот успех, кога стигнаа до четвртфиналето и да се обидеме годинава да отидеме барем чекор понатаму во ова европско натпреварување. Швеѓанките лани стигнаа како и нас до четвртфиналето. Треба да се напомене дека во сезоната 2013/2014 екипата на Хоорс беше победник на Челинџ купот. Нашите девојки веќе ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната.