Вчера на тренинзите на ФК Вардар се приклучи и Украинскиот дефанзивец Евгениј Новак. Новак поради снежните врнежи и ниските температури имал потешкотии да стигне во Скопје. Новак вчера пристигна и одработи тренинг со тимот.
Покрај Новак, неколку денови беше отсутен и Хуан Фелипе. Фелипе добил повеќе денови одмор од тренерот. Фелипе утринава пристигна во Македонија и се очекува уште денеска да ги одработи првите тренинзи со екипата во новата година. Со овие играчи екипата веќе е комплетна.
Инаку, вардарци веќе трет ден одработуваат по два тренинга дневно. Иако терените во Хиподром се покриени со снег, сепак играчите одработуваат тренинзи.