Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Вардаровата карате легенда Раде Доневиќ: Се плашеа од нас, правеа се за да не бидеме први во СФР Југославија, а бевме најдобри!
Вардаровата карате легенда Раде Доневиќ: Се плашеа од нас, правеа се за да не бидеме први во СФР Југославија, а бевме најдобри!

Вардаровата карате легенда Раде Доневиќ: Се плашеа од нас, правеа се за да не бидеме први во СФР Југославија, а бевме најдобри!

Раде Доневиќ е каратист од старата гарда на македонското карате, односо од неговите први денови, кој има огромна заслуга за популаризацијата и афирмацијата на оваа вештина и спорт во Македонија и надвор од нејзините граници.

Раде е роден 1958 година во Чаковец, Србија, а првите карате чекори ги прави во „Орце Николов“ кај првиот тренер Мира Костиќ, значаен мајстор за многу каратисти во тоа време и истакнат новинар, како секција на Партизан 3 под легендарниот мајстор за македонското карате, Драган Савиќ – Џоле.

rade-portret

Џоле имаше најдобра рачна и ножна техника и е во првата генерација на црни појаси која ги положи пред сенсеи Таиџи Казе во 1973 година. Освен Савиќ, со црни појаси се здобија Димче Кичевски – Словенец, Сашо Караѓозов, Исмет, Добре и Дрган Стојановски (сегашниот претседател на КФМ). Покрај овие имиња, јас сум со членска книшка број 28 од 1974 година, а брат ми со 29, завдени во Карате сојузот на Македонија, додека број 1 е Димче Јанковски“, раскажува за почетоците на карате спортот во Македонија Раде Доневиќ.

rade-stara-slika-so-zivko-radun-mirce

Според него, големата популраност на каратето се должела на големата реклама, особено со филмовите на Брус Ли. Од друга страна, тоа било нешто ново и сите со ентузијазам го прифаќале. Спрема некои пресметки, тогаш каратето бил убедливо најмасовен спорт во Македонија, го надминал и фудбалот.

За популарноста и духот што го нудел овој спорт Доневиќ го наведува примерот од 1974 година, кога Мира Костиќ положила за зелен појас, таа морала да се бори со машки за да стигне до целта.

„Од неа ги добив духот и почитта. Многу сум им благодарен на нејзе и на покојниот Драган Савиќ – Џоле кои ми го вдахнаа менталитетот и дисциплината на каратека“, нагласува Раде.

rade-ekipa-vardar

Во тоа време конкуренцијата била голема и за да се оди на натпреварување прво морало да се избори место во клубот, а потоа да се натпреварува на гратско или републичко ниво или клубот во лигата.

„Ауу, страшна конкуренција! Во тој период имав неверојтане скор од убедливи победи, а имаше едно до две натпреварувања годишно. Да се добие пехар, тоа беше голема гордост. Во 1975 година Мира го напушти каратето, Живко Тасевски отиде во војска, а некаде замина и еден од најдобрите каратисти, Стојче Андонов. Се постави прашањето каде да одиме. Во 1976 година со Радун Јоксимовиќ отидовме во Вардар, каде што беа Димче Кичевски и Драган Стојановски. Тренениравме во ОУ „Коле Неделковски“Немаше некоја голема креативност, но имаше дух. Сепак, многу работи на тактички план научив од Кичевски. Ме научи како да размислувам во борба“, вели вардарецот Раде.Rade i Kaze vo Belgija 1992

Во сезоната 1978/79 година станува најдобар во категоријата и го освојува првото место на Републичкото првенство и има 29 победи и една нерешена борба. Во 1979 година му е укажана доверба да го води Вардар. Инаку во 1978 година го постигнуваат најголемиот успех на една македонска екипа со освојувањето на третото место во борби екипно на Државното првенство во Загреб. Екипата ја сочнувале: Кичевски, Стојановски, Трајан Трајановски, Раде Доневиќ, Димче Савевски.

Во 1982 година стартува Првата сојузна карате лига, а во првото коло Вардар во Скопје се сретнал со екипата од Тузла.

„Јас секогаш бев на позициите 1 и 5. Довербата беше голема во мене и затоа секогаш бев на овие решавачки позиции, да ја повлечам екипата или да ја донесам решавачката победа“, раскажува каратистот на Врадар и истакнува дека тогаш и конкурентот Работнички имал добра генерација: Орце Стојчевски, браќата Куртиш, Илија Гарески познат како Дичко Чолиќ.

Од 1983 година живее во Шведска, но доаѓа да настапува за Вардар во кавлификациите.

Македонското карате тогаш станува значаен чинител на југословенското, можеби е и најдобро во тоа време. За магијата и престижот што го има каратето во Македонија Раде наведува неколку причини:

„Пред се, имаше добри генерации, 1957 и 1958, кој имаа карактер и менталитет. Едноставно, не ни даваа шанса. Се плашеа од нас. Правеа се за да не бидеме први, а бевме тоа“.

rade-so-kaze-vo-holandija

За развојот на каратето во нашата земја голема заслуга има и јапонскиот мајстор Таиџи Казе кој за тие генерации е закон и верно го следат неговиот карате пат до ден-денес.

„Респект, почитување, љубов, борба на карактерот, упорност и осбено развивање на нашите карактери. Тој кажуваше многу работи, но имаше и љубоморни луѓе кои тоа не ни го пренесуваа. Среќен сум што отидов на Запад и видов како функционираат работите. Зборуваме за различности и демократски разбирања. Работевме едноствано карате, но со многу дух, а таму видов поинаква методологија на тренинг. Посебно во некои работи ми помогна Казе, кога доаѓаше на семинари во Холандија“, посочува Раде.

rade-so-sirai

Тој за Холандија заминува во 1986 година каде што живее за каратето и од каратето. Поминале многу ученици во неговото доџо, а и многу други спортисти кои сакале да си ја усовршат техниката, како професионланиот боксер Бо Вдисруп. Нормално дека ништо не одело така лесно и подмачкано, особено кога си странец.

„На почетокот беа љубоморни и ми ги пуштаа репрезентативците на Холандија да се борам со нив и тоа на семинарот на Казе и Шираи. Кога видоа како работам, во мојата школа во Мидлбршу во провинцијата Зраланд дојдоа 200 вежбачи. Во тој период, 1986/87 година, вежбав по 5-6 часа секој ден. Во 1988 година Казе одржа семинар и ми рече дека мора да имам 85 килограми за да може да се борам со сите. Го прашав што да вежбам, а тој ми рече по една до две техники дневно, најмногу три. Така почнав да вежбам на макивара и на вреќа. Правев по 500 удари. А кога почнав да вежбам со отворена рака и кружни движења, направив голем отскок во развојот на мојот карате стил. Ги подобрив и техниките и снагата“, вели Доневиќ, нагласувајќи дека позитивната работа што ја научил од Казе е да се бориш против сите и дека треба да удриш и да нанесеш бол.

rade-kata

Гледајќи го денешното карате тој е со поинакви гледишта.

„Каратето е боречка вештина – не е спорт. Во македонското карате забележувам негативности. Никогаш не сум бил поборник за спортско карате и жените да се борат“, категорично вели тој.

Со карате ќе се бави додека не почне да ползи, а наследнкот го гледа во ќерката Валерија која тренира и фудбал, а има добар став и удар, додека синот Дарко се гледа во другите спортови. Раде во своето детство имал интересна дружба во Струмица со олимписката шампионка и освојувач на повеќе медали од светски и европски првенства, Јасна Шекариќ и нејзината сестра Весна.

rade-na-rodenden-na-tasevski

Извор единствениот и најдобрито сајт за боречки вештини во земјава http://ipon.mk/