Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Историја: Боречки клуб Вардар
Историја: Боречки клуб Вардар

Историја: Боречки клуб Вардар

Боречкиот клуб Вардар е формиран 1960 година, и може слободно да се каже дека е еден од оние клубови што постигнале одлични резултати и од чиј редови излегле голем број на државни репрезентативци. Овој клуб бил член на првата сојузна боречка лига и со години бил шампион на Југославија и учесник на голем број меѓународни натпревари. Под раководство на нашиот познат тренер Бојан Рангелов, кој со успех ја водел екипата. Треба да се истакне дека нашиот клуб го дал и првиот олимпиец. Борче Димовски бил учесник на Олимписките игри во Мексико. Исто така, треба да се истакне и успехот на еден од нашите најдобри борачи од тоа време, покојниот Сефер Салиловски, кој донел бронзен медал од Европското првенство.

borenje-vardarfans-vardar

Тефик Демири – Б.К Вардар

Борче Димовски бил учесник и на светското првенство каде што во една од најсилните конкуренции го освоил четвртото место, па така, таа година станал и спортист СР Македонија. Тефик Демири исто така бил учесник на Европското првенство во Манчестер каде го освоил третото место и бронзениот медал.

Инаку, наспатувајќи за Југославија следниве наши борачи се закитиле со балкански прваци (медали): Борче Димовски, Тефик Демири, Сефер Салиовски, Чедо Николовски, Мирко Димчевски, Ацо Јордановски, Душко Живковски и Ристо Дарлев.