Утре ФК Вардар и официјално ќе ги “запали моторите” во новата година. Утре Вардарци по пауза од 20-сетина дена, повторно ќе се појават на тренинг во својата база во Хиподром. Иако комплексот на Вардар во Хиподром е покриен со снежна покривка, сепак, би требало играчите и стручниот штаб да одржат прв тренинг.
Вардар во новата година ќе тргне без двајца играчи кои ги бранеа нашите бои во есенксиот дел од сезоната. Немања Мијушковиќ и Џон Обрегон како што е добро познато не се повеќе дел од нашиот тим. Исто така, утре се очекува за нашиот тим првиот тренинг да го одработи и огромното засилување, Бесир Демири кој оваа зима дојде од директниот конкурент за титулата, екипата на Шкендија.