Македонските кадетски одбојкарски репрезентативци го освоија бронзениот медал на Балканското првенство за играчи до 18 години во Урошевац (Феризај). Во последното, петто коло на турнирот, избраниците на селекторот Ванче Санев ја совладаа Албанија со 3:1(22:25, 25:19, 25:19, 25:22) и на тој начин завршија третопласирани. Ова е најголем успех на македонската одбојка во младинските возрасни категории, затоа што е прв медал од Балканијадите во која било конкуренција.
Црвено-жолтиот национален состав за одбојкари родени 2001-ва и помлади, турнирот во Урошевац (Феризај) го завршија со биланс од три победи и два пораза.
Овој резултат е убаво продолжување на успешната година на македонската одбојка, која што во септември за прв пат ќе настапи на сениорско Европско првенство, во машка конкуренција.
На списокот на селекторот Ванче Cанев бе шестмина одбојкари од Вардар, односно половина тим. Списокот на црвено-црни репрезентативци е следен; Тино Шулајковски, Филип Лепидовски, Аган Рустеми, Лука Костиќ, Бојан Џамбазов и Давид Стојанов.
Покрај тоа наградата МВП- заврши кај Лука Костиќ.