Апелацискиот суд ги потврди казните за екипата на Пик Сегед, кои им беа изречени, за инцидентите со вардаровите играчи, на реванш дуелот од четвртфиналето во Лигата на Шампионите.
Во последната минута од дуелот, се случија немили настани на теренот, играчите на Пик Сегед не можеа да се помират со фактот дека се елиминирани од ЛШ, па тргнаа на вардаровите ракометари. Иако унгарскиот претставник се жалеше на казните кои им ги доделија од ЕХФ, сепак апелацискиот суд поврди, дека Пик Сегед по секоја точка, направил нерегуларности и ги прекршил принципите на однесување. Нивната вкупна казна изнесува 16.000 евра.
Еден од иницијаторите за мешаницата, словенецот Деан Бомбач ќе мора да плати 3.000 евра, играч кој е наведен за главен виновник за „збрката“ на теренот, како и за напад на Карачиќ надвор од теренот.
Казна од 2.000 за секој, поради уште еден словенски интернационалец во дресот на Сегед, се работи за Матеј Габер, кој е посочен за втор виновник во случајот, како и за Македа, кој влегол на терен да се расправа, иако претходно му беше доделен црвен картон и беше испратен на трибините.
По 2.000 вера казна ќе платат Игњатовиќ и Кривокапиќ, кои се дел од стручниот штаб на Сегед, заради неспортско однесување кон записничката маса, каде е делегатот и останатите лица.
Унгарците ќе морат да платат и 5.000 евра поради недоволната безбедност на теренот, како и поради влегувањето на терен, на исклучен ракометар.