Одбојкарскиот тим на Вардар ги освежи своите редови уште едно квалитетно засилување од странство. Станува збор за хрватскиот интернационалец Иван Џирлич, кој игра на позицијата примач.
20-годишниот одбојкар кој е на поширокиот список на хрватската репрезентација доаѓа од тимот на ОК Младост Загреб со кого минатата сезона го освои тамошниот Куп во сениорска конкуренција.
Џирлич е голема одбојкарска надеж во Хрватска, во помладите категории има бројни медали, па ќе биде вистински засилување за „црвено-црните“, кои и оваа сезона имаат исти амбиции – да го освојат тронот.