ФК Вардар денес беше домаќин на тимот на ФК Кораб, црвено-црните го искористија киксот на Воска со Гостивар и со победа дојдоа на бод зад тимот кој е на 2.позиција на табелата. Нашите момци оставија победа со минимални, но дволни 1-0 (0-0)
Вардарци очекувано доминираа на теренот и ја имаа иницијативата, но не се покажаа во завршницата. Шанси пред гостинскиот гол се редеа како на филмска лента, но гостинскиот голман Опре беше на висината на задачата и долго време го чуваше својот тим.
Погодувавме и неколку пати во стативата, ривалот имаше во 88.минута исто така удар во стативата. Стигна казна за нив и во 90. минута, пукна одбраната на гостите и Љамчевски Петар со сигурна реализација донесе огромна радост кај домашната публика.