Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Јованчев: За пласман во А-дивизијата и медал работевме многу напорно две години
Јованчев:  За пласман во А-дивизијата и медал работевме многу напорно две години
Јованчев Александар

Јованчев: За пласман во А-дивизијата и медал работевме многу напорно две години

Кадетската македонска кошаркарска селекција  дојде до  бронзен медал на Европското првенство ( Б-дивизија) кое се играше во  БиХ. Со тоа црвено-жолтитот тим  обезбеди пласман во А-дивизијата наредната година, а селекторот Александар Јованчев кој ја води оваа селекција, а доаѓа во истата од редовите на Вардар.

Ова е нешто неверојатно. Ова е тоа (пласманот во А-дивизија и медалот на ЕП н.з) за кое работевме две и пол години. Им честитам најпрво на играчите и стручниот штаб и голема благодарност до координаторите и Македонската кошаркарска федерација (МКФ) што ми ја дадоа довербата да ги водам овие кошаркари во овој проект. Голема благодарност и до сите што не поддржуваа на ова ЕП и беа заедно со нас- вели селекторот Јованчев.

Последна генерација која играше во А-дивизија беше онаа на Предраг Самарџиски и браќата Војдан и Дамјан Стојановски, во далечната 2006 година, како младинци од У20-тимот.