Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Време е за три бода и прва победа
Време е за три бода и прва победа

Време е за три бода и прва победа

Вардар денеска гостува во Тетово кај тимот на Ренова во рамките на второто коло од новата сезона во ПМФЛ.

Нема да биде воопшто лесно попладнево во Тетово бидејќи Ренова уште на самиот старт покажа дека има високи амбиции оваа сезона победувајќи го Работнички во Скопје во воведното коло. Но, нашите играчи се спремни и мотивирани да го дадат својот максимум и да стигнат до првите три бода во новата сезона.

Здравствениот билтен во нашата екипа е добар, се очекува истите 11-мина што го започнаа и дуелот со Шкендија, да започнат и денеска. Во тимот на Ренова пак, на голот денеска ќе биде Кобетиќ, играч кој во минатото беше дел од нашиот тим, иако не одигра позначаен дел од натпреварите.

Дуелот започнува со почеток од 17.00 часот.