Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Драги Димитровски: Дербито со Макпетрол очекувам да е екстремно тежок дуел
КУГЛАЊЕ! Драги Димитровски: Дербито со Макпетрол очекувам да е екстремно тежок дуел

КУГЛАЊЕ! Драги Димитровски: Дербито со Макпетрол очекувам да е екстремно тежок дуел

Во сабота е ден кога ќе се одигра најважниот натпревар во првата полусезона за нашите вардарови куглари ,  тоа е Кугларско дерби на Македонија. Избраниците на Драги Димитровски ќе се соочат со шампионот на Македонија Кк Макпетрол. Овој меч ќе се игра на наш домашен терен во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“. Вардарци влегуваат со максимален 100% успех во овој дуел, вардаци победиа еден тежок меч минатиот викенд со Кк Гтц.  Го запрашуваме шефот на стручниот на нашиот црвено-црн кугларски колектив Драги Димитровски како го виде овој меч со ГТЦ и според него каква е формата на момците пред дербито :

Задoволството од победата над ГТЦ е големо поради повеке причини – победивме конкурент за врвот од МКЛ , а успехот е дотолку поголем поради тоа што доаѓа после пауза од која натпреварувачката форма беше падната. Со оваа победа ги отстранивме сите дилеми околу претендентите за шампионската титула , поточно борбата се сведе на две екипи, Макпетрол како бранител и Вардар како предизвикувач. Во моментов формата на екипата е во фаза на дефинирање, се надевам на достигнување на највисока точка на натпреварот во сабота против Макпетрол. Куглањето е спорт во кој има потреба од повеке клучни причинители за добар резултат, а мегу нив е и среќата која обично е на страната на квалитетот. Ке ни биде и таа потребна во дербито со Макпетрол, затоа што верувам дека ке одлучуваат нијанси во однос на победникот од тој дуел.

 Го прашувае кормиларот на црвено-црните куглари Димитровски какви се очекувањата и неговите оценки за мечот на сезоната во МКЛ лига, дуелот со Кк Макпетрол кој ќе се одигра оваа сабота нa 30 јануари, тој вели :

Очекувањата се дека ке имаме екстремно тежок дуел во кој ке мораме да се надминеме себе за да го победиме шампионот. Сепак Макпетрол е фаворит, бидејќи во своите редови има 75% од репрезентативниот состав. Но тоа не значи дека не сме оптимисти, веруваме во своите квалитети и одиме да се надигруваме и да направиме што повисок резултат, се друго ке дојде само по себе.- Изјави Димитровски Драги за нашиот сајт.

Михајло Тушевски