Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Петре Завировски: Презадоволен сум од стартот на новата сезона
Атлетика!  Петре Завировски: Презадоволен сум од стартот на новата сезона

Атлетика! Петре Завировски: Презадоволен сум од стартот на новата сезона

Веќе е започната сезоната во атлетиката нашиот црвено-црн атлетичар Петре Завировски веќе имаше два настапи сезонава. Тој трчаше на “Националното првенство на Македонија во крос-кантри“ каде тој беше учесник  во натпреварувањето за атлетичари до 23 години, и со одлично време  27:30  успеа да го освои второто  место. Потоа настапи на крос-кантри атлетската манифестација “Gazi Baba XC Challenge“ каде годинава Петре истрча одлични 26:18 со што беше побрз за 2 минути и пол минути од ланското време кога истрча 28:47. Го прашуваме за оценка на досегашните настапи и подготовките за идните:

Презадоволен сум од стартот на новата сезона. Настапив на две крос кантри трки. Првата беше на националното првенство во крос-кантри каде што го освоив сребрениот медал. Потоа имав одличен перформанс на “Gazi Baba XC Challenge” во пеколна конкуренција го освоив четврто место.Подготовките одат одлично секој ден сум се подобар. Го имам најдобриот тренер Трпе Мартиновски. Тој напорно работеше на градењето на мојот спортски карактер срцето и душата. Сега се е полесно. Мартиновски се врати од пензија за да ми помогне на тренинг и на натпреварите. По долго време одново ќе трчам на полумаратон Трчаме кон целта. Суетата на страна. Таму ќе го напаѓам мојот најдобар резултат во полумаратон 1:17:35 кој го истрчав пред две години на балканското првенство во полумаратон во Драч Албанија.

Него го очекува првиот следен предизвик  полумаратон “Трчаме кон целта“ на 9 Април. Го запрашуваме овој млад талентиран атлетичат покрај оваа трка уште што е во план за оваа сезона, каде се се очекува да настпи:

Покрај полумаратон “Трчаме кон целта“ ќе настапам и на државното првенство на 10.000 метри. Потоа ќе се насочам кон полумаратонската трка во рамките на Скопскиот маратонот. Напорно работиме,мојот фитнес левел бележи драстичен напредок. Тоа ќе го валолизираме со подобрување на резултатите на следните трки.-Вели Завировски за Вардар фанс.

Михајло Тушевски