Оваа сабота на програмата се полуфиналите дуели во македонскиот кугларски куп. Во сабота ќе се играат двата реванш дуели во оваа фаза од Купот на Македонија во овој спорт, во првиот Макпетрол ќе ја игра со ГТЦ Мусандра, а во другиот нашиот црвено-црн кугларски колектив ќе ја пречека екипата на битолска Хераклеа. Нашиот дуел е закажан со почеток во 11-00 часот.
Избраниците на Драги Димитровски овој пат за свој домашен терен нема да ја имат кугларницата во спортскиот центар “Борис Трајковски“ туку ќе бидат домаќини во кугларницата “Мусандра“ која се наога во Градскиот трговски центар, дуелот ќе се одигра на патеките 1-4. На првиот дуел во градот под Пелистер си ја оправдавме фаворитската улога и издвојувавме победа, црвено-црните остварија победа со 3-5, или резулатот беше 2921-2961 во “соборени дрва“. Најдобари постигнување имаа Димитар Димитровски кој собори 520 “дрва“и Бојан Влаќевски тој имаше личен скор од 497. Во мечот влегуваме како фаворити за пласман во финалето каде се поизвесно е дека ќе не чека шампионот Кк Макпетрол, воедно треба да се напомене дека ние сме бранители на Куп трофејот од изминатата 2014/15 натпреварувачка сезона.