Денес се одигра првиот полуфинален натпревар во рамките на националниот куп, во конкуренција на младинци. Црвено-црните успеаа да забележат триумф против Работнички, на првиот меч кој се играше на теренот во Марино. По многу резултатски пресврти на крајот Вардар излезе како победник и славеше со резултат 4:3. Нашите младинци имаа водство од 1:0, по што следеше пресврт и предност за противникот од 1:2. Сепак до крајот на натпреварот со головите на Ердон Даци (2), Есмин Личина и Кристијан Апостоловски остваривме триумф.
-Одигравме еден тежок и возбудлив натпревар со многу голови. Пред нас имавме квалитетен противник, екипата на Работнички, која пред десеттина дена успеавме да ја победиме и во првото пролетно коло во првенството. Задоволен сум од играта на моите соиграчи кои одиграа на едно високо ниво. Сите заедно со стручниот штаб покажавме карактер и поголема желба за победа од противникот. Оваа предност ни е мотив за она што не очекува за три недели, а тоа е реваншот на гостински терен. Мислам дека сме поквалитетни и дека шансите за да се пласираме во финалето ни се многу големи, изјави Кристијан Апостоловски за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски