Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Новиот вардарец Влатко Јакимоски со дебитански маратон во Подгорица

АТЛЕТИКА! Новиот вардарец Влатко Јакимоски со дебитански маратон во Подгорица

На 30 Октомври ќе се одржи по 23 пат во Црна Гора познатиот Подгоричкиот маратон. Стандардно во соработка со Скопскиот маратон 50-тина атлетичари од Македонија ќе настапат на маратонската и полумаратонската трка.

ak2

Влатко Јакимоски од АК Вардар ќе го има своето огнено крштевање на пеколната 42 километарска патека. Трпе Мартиновски тренерот на АК Вардар го подготвува Јакимоски за најсериозниот предизвик во досегашниот дел од неговата кариера.Досега Јакимоски има истрчано 15 полумаратони. Негов најдобар резултат на полумаратон е 1 час и 42 минути. Има истрчано неколку планински трки. Вреди да се одбележи неговиот херојски подвиг на Витоша во Бугарија каде 100 километарската патека ја мина за 15 часа 01 минута и 57 секунди. Тој е нов член на црвено-црниот атлетски клуб Вардар , исто така треба да се напомене дека оваа година го истрча Охридски за време од 2:43:07.

ak3

Во Подгорица нашиот атлетичар Јакимоски очекува резултат под 4 часа!