Попладнево на програмата е осмото коло од првата македонска фудбалска лига. Тимот на ФК Вардар пред своите гледачи, но на стадионот во скопската населба Маџари ќе го пречека лутиот ривал, тимот на Пелистер од Битола. Овие два тима по седум одиграни кола се наоѓаат на првата, односно на четвртата позиција на првенствената табела. Вардарци досега имаат биланс од пет победи и два нерешени натпревари, додека пак нашиот денешен противник има забележано три победи, две нерешени и исто толку порази, со гол разлика од 11 дадени и 6 примени. Пелистер на овој натпревар ќе влезе со серија од три натпревари без победа. Битолчани на последните три натпревари загубија од Ренова и Слога, а ремизираа на домашен терен 0:0 против кратовски Силекс.
Во двата тима најпрецизни играчи досега се двајца бразилци. Во тимот на Вардар, Балотели е прв стрелец во тимот, и на лигата со шест постигнати погодоци. Во тимот на Пелистер, бразилецот Кардозо досега има постигнато три погодоци, и е прв стрелец на тимот.
Дојдете на стадионот ”Борис Трајковски” во населбата Маџари да навиваме за нашиот тим на оваа вечна пресметка. Натпреварот започнува од 15 часот, а билетите се по цена од 100 денари.