Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар СЦЈС трга во победничка низа, следен предизвик ЖРК Куманово

Вардар СЦЈС трга во победничка низа, следен предизвик ЖРК Куманово

Избраничките на Симе Симовски веќе одиграа две кола во женската ракометна Супер лига, во кој имаат половичен успех, една победа и пораз. Тие годинава ја бранат вицешампионската позиција од измината сезона во единствената женска ракометна конкуренција во земјава. Викендов на програмата е треттото коло од суперлигашката конкуренција кај дамите во истото гостуваме во Куманово кај истоимениот женски ракометен клуб.

Младите вардарки од екипата на Вардар СЦЈС во првото коло помалку несреќно беа поразени нагости во дербито кај единствениот  конкурентот за втората позиција во македонскиот женски ракомет сезонава екипата на ЖРК Металург. Во второто коло дома го нагостивме тимот на ЖРК Овче Поле од Свети Николе, кој го добивме со високи “петнаесет плус“ 37-22 со одлично второ полувреме, првото го завршивме со комото водство до 15-11, апак во второто блеснавме и ја покажавме целата наша сила. Желбата е на следиот меч кој е закажан за на први октомври, сабота кај ЖРК Куманово да се влезе во победничка низа, пред следниот предизвик следниот викенд кога во спортскиот центар “Јане Сандаски“ ќе ја нагостиме екипата на ЖРК Прилеп. Нашиот противник во првите две кола освои шест максимални бодови, одкако кумановчаники победија двапати со екипите од Пелагонија. Во првото коло во Битола го победија Пелистер, а дома беа поуспешни од ЖРК Прилеп.