Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар во ТОП-3 има најдобар тренер, арена, како и двајца играчи кои конкурираа во изборот за најдобар тим во ЛШ

РК Вардар во ТОП-3 има најдобар тренер, арена, како и двајца играчи кои конкурираа во изборот за најдобар тим во ЛШ

Втора година по ред сите тренери на екипите во лигата на шампионите го избираат најдобриот тим, кои тие би посакале да го имаат во својот состав. Во овој избор се најдоа и двајца играчи на нашиот ракометен шампион.

Според гласовите најдобар голман е Данскиот репрезентативец и член на Кил, Никлас Ландин кој освои 7 гласови, додека еден помалку имаше нашиот чувар на мрежата Арпад Штербик кој заврши како второпласиран на оваа листа. Позицијата лево крило убедливо му припадна на новиот член на “богатиот“ ПСЖ, германецот Уве Генсхајмер кој победи со 10 гласови, додека на треттото место со ист број на гласови се најдоа Тимур Дибиров и Гудјон Валур Сигурдсон. Позицијата лев бек е резервирана за уште репрезентативец на Данска, тоа е Микел Хансен кој настапува за ПСЖ. Никола Карабатиќ е заслужено најдобар среден бек со 11 добиени гласови, додека Ласло Наѓ е најдобриот десен бек со 15 гласови. Лук Абало е најдоброто десно крило, додека најдобриот состав на позицијата пикер го затвара шпанецот Хулен Агинагалде.

Исто така се вршеше избор за најдобар тренер во лигата на шампионите, а втора година по ред наградата ја добива тренерот на актуелниот европски шампион, Талант Душебаев победи во овој избор со 13 гласови. Место имаше и за Раул Гонзалес кој го освои одличното третто место веднаш зад Љубомир Врањеш од Фленсбург.

ЕХФ експертите избираа и најдобра ракометна сала за оваа сезона. Арената на Веспрем се најде на првото место со 10 гласови, додека спортскиот центар Јане Сандански е третта најдбра арена во Европа, која освои 5 гласа.