Kошаркарскиот клуб Вардар веднаш најде решение за тренерската позиција на првиот машки тим. Сосема логички и заслужена шанса за промоција доби Јованчев. Од тимот на официјалната страница го потврдија истото, во објавата се вели:
Александар Јованчев од денеска е прв тренер на нашата екипа која и оваа сезона ќе се натпреварува во првата лига.Тој доаѓа на местото на Дарко Радуловиќ на кој што беше помошник изминатите сезони. По големите успеси и титули во младинските категории во нашиот клуб како и големиот успех кој го направи на репрезентативно ниво со генерацијата до 16 години чиј предводник беше токму тој и обезбеди пласман во А дивизија, ова ќе биде голем предизвик за младиот стручњак. Асистент на Јованчев ќе биде Александар Ашаданов, двајцата веќе зедно соработуваа во првата екипа на Вардар изминатите сезони , како и во репрезентацијата до 16 години.