Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (СТРИМ) Денес, Вардар ги дознава своите противници во ЛШ

(СТРИМ) Денес, Вардар ги дознава своите противници во ЛШ

Денес со почеток од 18:00 часот во Виена ќе биде извлечена ждрепката за групната фаза во Лигата на Шампионите, за натпреварувачката сезона 2020/21.

Во новата сезона ќе гледаме поинаков систем на натпреварување, во кој учество ќе земат само 16 екипи кои ќе бидат поделени во две групи. Тимовите кои ќе завршат на првите две позиции во групите ќе обезбедат директен пласман во 1/4 финалето, додека екипите кои ќе се пласираат од 3-6 место ќе играат во осминафиналето. Вардар како носител ќе ја очекува денешната жрепка, со оглед дека се најде во првиот шешир, заедно со екипте на Барселона, ПСЖ и Веспрем.

Вардар под водство на новиот сопственик, Михајло Михајловски, речиси и да го комплетира играчкиот состав, а во наредниве денови треба да биде познато и последното засилување, кое ќе настапува на позицијата среден бек.

Стрим од денешната жрепка можете да погледнете на линкот, ТУКА.

20200630_ehfclm2021_draw_template_pots_1920x1080