Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Подготовките на Јуниорите во пол ек, тие се подготуваат за дуелот со ГТЦ Мусандра
Куглање: Подготовките на Јуниорите во пол ек, тие се подготуваат за дуелот со ГТЦ Мусандра

Куглање: Подготовките на Јуниорите во пол ек, тие се подготуваат за дуелот со ГТЦ Мусандра

Кугларскиот клуб Вардар има одлична млада јуниорска екипа која втора сезона се натпреварува во лигата. Вардар има одличен тим составен од тројца одлични млади и надежни куглари. Станува збор за Костадиновски Матеј, Љупчо Митиќ и  Мартин Митиќ. Тие веќе втора сезона настапуваат за јуниорската екипа на црвено-црните. Тие на 20ти месецот ја почнуваат пролетната сезона со мечот против КК ГТЦ, за кој досега веќе неколку дена се подготвуаат. Тие ги отпочнаа подготовките и покрај новогодинешните и божиќните празници.

Минатата сезона тие ја завршија  на делба на првата позиција со врсниците од екипата на КК Империл Тобако. Вкупно одиграа во јуниорската лига осум натпревари во кој имаа одличен успех, на шест од нив дојдоа до победа и на само два беа поразени. Со овој скор тие заедно со јуниорскиот состав на екипата на  КК Империла Тобако ТКС се првопласирани. Двата тима освоија по 12 бода, трет на табелата е јуниорскиот тим на “пумпашите“ со 10 бода, четврти е тимот на КК ГТЦ Мусандра со 6 бода, последен е КК 18-ти Август 2016 без поени. Оваа есенска сезона по одиграни четири кола ние имаме одлични три победи и само еден пораз. Атакувајќи на подoбрување на ланскиот резултат нашите момци вредно работат на усовршување пред пролетниот дел.

55

Во 1.коло  ние гостувавме кај младите ривали на   ГТЦ, на овој дуел КК Вардар победи со 1-3. Кај нас   Митиќ Љупчо впиша зад своето име 224  (158+66) соборени “дрва“, а пак Мартин Митиќ впиша 225  (155+70). Во 2.коло се сретнавме со тимот на КК Империал Тобако ТКС нашиот противник на овој дуел дојде до победа со резултат 3-1.  Во следнот, 3.коло сениорите играа дерби со Макпетрол во кое беа поразени, но јуниорскиот тим дојде до победа. Ние на овој дуел триумфиравме со резултат 1-3. Во 4.коло, младите црвено-црни надежи победија со резултат 3-1 во соочувањето со врсниците од екипата на Кугларскиот клуб  18-ти Август кој се одигра во кугланата “ВИП“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Стартуваа за нас Костадиновски Матеј и Мартин Митиќ, а подоцна на место на Матеј во игра влезе Љупчо Митиќ. Токму он “кумуваше“  на конечниот исход, тој направи пресврт и за само две “дрва“ донесе победа со 3-1. Костадиновски Матеј 62+33=95/ Љупчо Митиќ 90+52=142, Мартин Митиќ 175+59=234. Во 5.коло Вардар играше со битолска Хераклеа, тим кој нема јуниорска екипа па нашите момци беа слободни во ова коло.