Вчера, Македонската репрезентација кошаркарска кадетска селекција го доживеа четвртиот пораз на Европското првенство од А-дивизијата. На мечот против Словенија кој се одигра во Удине, Италија бевме поразени со 80-87.
Ние веќе ја остваривме целта, опстанок во А-дивизијата па растеретени влеговме во оваа средба. Отворивме катастрофално губевме со 18-0, сепак во 15.минута ние успеавме да направиме пресврт и поведовме со 28-25. Сепак како одминуваше мечот го изгубивме чекорот па ривалот успа да победи со седум коша позитива. Ривалот не „скрши„ во треттата четвртина, тие триумфираа со резултат 87-80.
На оваа средба настапија и двајцата вардарци, Петков успеа да погоди 3.поена, Атанасов имаше еден поен.