Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Првпат Јапонец ќе настапува во македонската одбојка, Вардар се засили со Сун Ватанабе
Првпат Јапонец ќе настапува во македонската одбојка, Вардар се засили со Сун Ватанабе

Првпат Јапонец ќе настапува во македонската одбојка, Вардар се засили со Сун Ватанабе

Прв пат, односно историски во  македонската одбојка еден тим донесува Јапонецот. Во ОК Вардар првпат ќе дебитира играч од оваа далеку источна земја, станува збор за  Сун Ватанабе (25години,193цм, 89кг).

Јапонецот е    организатор на играта, тој доаѓа на едногодишна позајмица од редовите на Јеитекуто Стинкс, клуб кој настапува во јапонската Премиер лига. Ова е важно засилување за  „црвено-црниот“ тим, кој сезонава ќе настапува во европскиот Челинџ куп.