Sunday ,13 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар повторно го собира ЕХ ЈУ „кремот“ на Интернационалниот турнир “8-ми септември“
Куглање: Вардар повторно го собира ЕХ ЈУ „кремот“ на Интернационалниот турнир “8-ми септември“

Куглање: Вардар повторно го собира ЕХ ЈУ „кремот“ на Интернационалниот турнир “8-ми септември“

Вардар повторно го донесува најдоброто од ЕХ ЈУ просторите на силен кугларски турнир. Учесници од пет поранешни републики ќе ги одмерат силите во Скопје. Турнирот, трет по ред ќе се игра на 7.септември во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар.

Bo изминатите две години  Вардар беше   домаќин на најсилните екипи од ЕХ Ју просторите во рамки на  првиот и вториот вардаров Интернационален турнир “8-ми септември“.  Турнирот се организира по повод денот на независноста на Република  Македонија. Во изминатите две години учество земаа најсилните екипи од  ЕКС Ју републики: Србија, Хрватска, Словенија, БиХ и Македонија. Така ќе биде и на овој трет по ред собир. Многу вложува во овој проект Вардар,   целта е развивање и промоција на овој спорт, воедно овозможување да се гледа „кремот“ во Скопје. Честитки за упорноста и за истрајноста на раководството на клубот.

jj-660x330-660x330

СПИСОК НА УЧЕСНИЦИ: 
* КК Вардар (Македонија)
* КК Ревита Б.Љука (Р.Српска)
*КК Калцик Камник (Словенија)
*КК Партизан (Србија)
* КК Белград (Србија)
*КК Мертојак Сплит (Хрватска)