Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Седум вардарци повикани во репрезентацијата до 18 години, за меморијалниот турнир во Чешка
Седум вардарци повикани во репрезентацијата до 18 години, за меморијалниот турнир во Чешка

Седум вардарци повикани во репрезентацијата до 18 години, за меморијалниот турнир во Чешка

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години во перидот од 19-25.август ќе настапи на меморијален турнир во Чешка, во чест на на поранешниот селектор на Чехословачка, Вачлав Јежек.

На турнирот покрај Македонија, учество ќе земат уште и репрезентациите на Унгарија, Латвија, Словачка и Украина и секако домаќинот, Чешка.

За овој турнир, селекторот на Македонија, Шкумбин Арслани повика и седум играчи од редовите  на Вардар. Се работи за Кристијан  Китановски, Али Асани, Александар Ѓурковски, Виктор Крстевски, Леонид Игнатов, Муас Демири и Азер Омерагиќ.

Турнирот ќе го отвориме на 21.август со натпревар против селекцијата на Украина, додека следниот ден ќе се соочиме со репрезентрацијата на Словачка.