Wednesday ,18 September 2019
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: Вардар започнува против Пекинг, познати термините за првите пет кола
СЕХА: Вардар започнува против Пекинг, познати  термините за првите пет кола

СЕХА: Вардар започнува против Пекинг, познати термините за првите пет кола

Познат  е распоредот за новата сезона во регионалната  СЕХА лигата, вардаровиот тим одбраната на трофејот ќе ја започне   на почетокот од септември. Вардар ќе стартува против новиот тим во ова натпреварување, тимот од далечниот исток,   Универзитет Пекинг од Кина. Дуелот ќе го играме во СЦ „Јане Сандански“ на  3. септември.

По завршувањето на групната фаза, лидерите на табелите  обезбедуваат директен пласман во четвртфиналето.  Вака  изгледа распоред први 5 кола од СЕХА:

1. коло Вардар – Пекинг (3 септември) 

2. коло Мотор – Вардар (7 септември) 

3. коло Вардар – Нексе (24 септември) 

4. коло Татран – Вардар (1 октомври) 

5. коло Вардар – Војводина (5 ноември)