Младите девојки од ЖОК Вардар ЕМ, по одличните досегашни настапи на сениорската екипа која има три победи од исто толку мечеви, потоа на младинките со 2/2 победи, ги чека друг предизвик. Денес свој старт ќе го има и нашата кадетска екипа.
Денес, недела во Пробиштип во салата „Софија Петровска“ ќе одиграат два меча. Од 11 часот на мегдан ќе ја имаме екипата на ОК Струмица Жени, час потоа ривал на црвено-црните дами е тимот на ОК Виктори Волеј. Им посакуваме успех на младите ракометарки.