Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија доживеа два порази од Египет, Филип Талески најефикасен и на двата натпревари
Македонија доживеа два порази од Египет, Филип Талески најефикасен и на двата натпревари

Македонија доживеа два порази од Египет, Филип Талески најефикасен и на двата натпревари

Машката сениорска ракометна репрезентација доживеа два порази од репрезентацијата на Египет. На тест натпревари кои се одиграа во Каиро, избраниците на Лазаров беа поразени и двата меча.

На првиот натпревар на кој беа постигнати 67 голови, славеше Египет со резултат 32:35. На полувреме Египет беше во предност од 10:12. Најефикасен во редовите на Македонија беше играчот на Вардар, Филип Талески, кој постигна шест голови.

Македонија доживеа пораз и на вториот контролен натпревар, на кој Египет победи со резултат 26:31. Иако имавме предност во најголем дел од првото полувреме, сепак Египет поради одличниот финиш на првиот дел се стекна со водство од 13:16. Оваа разлика домаќинот ја одржуваше и во вториот дел, за на крајот истата и да ја зголеми за втор триумф над Македонија. Филип Талески повторно беше најефикасен, овој пат со девет голови, додека Гоце Георгиевски постигна два гола.