Викендов заврши “Државно кадетско првенство У18“ во машка и женска категорија. Државни прваци се кај дамите, Тамара Талевска (894 кегли) од КК Пелистер од Битола и во машка конкуренција, Мартин Митиќ (938 кегли) од КК Вардар од Скопје.
Кај кај момчињата втор беше Александар Младеновски (874 кегли, Пелистер 1982), трет Архан Арслановски (825 кегли, Пелистер 1982). Статуетките, медалите и дипломите на најдобрите им ги врачи претседателот на Вардар Димитар Димитровски, кој ја извршува и фунцијата потпретседател на НКФ.
Она што посебно радува на ова првенство е првата кадетска титула за кугларскиот клуб Вардар. Нашиот млад, талениран и надежен куглар Мартин Митиќ стана кадетски државен шампион за 2019 година. Мартин беше супериорен во неговата категорија, тој пред “сребрниот“ имаше предност од дури 64 “дрва“, а пред треттиот на листата имаше дури 113 “дрва“.
Честитки до Мартин, пофалба за неговиот тренер Драги Димитровски кој покажа дека е неприкосновен во “брусењето“ млади кугларски дијаманти. г-н Драги вредно работи со вардаровите надежи и со првиот тим на црвено-црните.