Вардаровата генерација 2006 за прв пат успеа да стане шампион на Македонија, откако на завршниот турнир кој се одигра на терените на ФФМ се покажа како најдобра и на крајот заслужено го освои првото место. Во големото финале, избраниците на Филип Спасески ја победија екипата на Албарса (3:2).
Претходно во 1/4 финалето бевме подобри од Кул (6:2), додека во 1/2 финалето го победивме Топ Тим од Охрид (5:0). Погледнете фотографии од двата меча на вардарци.