Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > (ФОТО) Данстак, Пишовски и Грчевски се голманските бисери на Вардар, додека Алији е златното вардарово момче
(ФОТО) Данстак, Пишовски и Грчевски се голманските бисери на Вардар, додека Алији е златното вардарово момче

(ФОТО) Данстак, Пишовски и Грчевски се голманските бисери на Вардар, додека Алији е златното вардарово момче

Петлињата на Вардар и оваа сезона доминираа на завршниот турнир во детската лига. Оваа сезона се натпреварувавме со пет генерации, од кои со три успеавме да го освоиме првото место. Тоа се генерациите родени 2006, 2007 и 2008 година, генерацијата 2009 стигна во 16-те најдобри екипи, додека најмладите вардарци од 2010 се пласирааа во осумте најдобри екипи во Македонија.

На завршната церемонија покрај доделување на медалите и трофеите за најдобрите екипи, традиционално се доделуваа награди за најдобар стрелец, односно голман. Вардар несомнено дека има голмански „бисери“ кои и оваа година покажаа дека се најдобрите во земјава.

Андреј Данстак е најдобар голман кај генерацијата 2006. Тој има голема заслуга за освоеното прво место на неговата екипа, која во финалето ја совлада Албарса, а токму Андреј успеа во последните минути од дуелот да одбрани пенал и да спречи финалето да се решава во пенал серија.

3

Антонио Пишовски пак беше прогласен за најдобар голман кај генерацијата 2007, каде Вардар успеа да освои прво место. Ова момче дојде на полусезона од екипата на Шкендија и се покажа како големо засилување за Вардар. Да напоменеме дека Пишовски беше „јунак“ на четврт-финалниот дуел против Албарса, дуел на кој при нерешен резултат во последните пет минути од мечот, токму Пишовски одбрани пенал за предност на противникот, а во следната акција Вардар постигна гол и се пласираше во полуфиналето. Нов подвиг на Пишовски и во големото финале, откако во пенал серијата го замени Лука Јаневски кој одлично бранеше во регуларниот дел, сепак тренерот на Вардар се реши во пенал рулетот да брани Антонио, што се покажа како вистинско решение. Пишовски пречи три удари на Кул од белата точка, додека Вардар славеше со вкупен резултат од 5:4.

5

За Лука Грчевски не треба да се трошат многу зборови, и оваа сезона повторно беше лидер на својот тим и последната пречка за противничките екипи. Повторно одбрани одлично на завршниот турнир и со својата генерација 2008 трета година по ред успеа да го освои трофејот. Лука на крајот доби признание за најдобар голман во својата генерација.

7

Алтин Алији е златното момче на вардаровата генерација 2006 која конечно од трет обид успеа да го „скрши“ малерот и во големото финале да ја победи екипата на Албарса. Инаку ова беше и прв шампионски трофеј во детската лига за оваа генерација на Вардар. Токму со трите голови на Алтин Алији успеавме да стигнеме до врвот, од кои последните два беа за резултатски пресврт и во последните пет минути од финалето. Несомнено во ова момче има голем квалитет, пред кој претстои блескава иднина.

2

Наградите за најдобар голман на завршната церемонија ги доделуваше Гого Јовчев поранешен голман на Вардар и Македонија, кој моментално работи и како тренер на голмани во сениорската селекција на Македонија, додека наградата на Алтин Алији му ја додели Александар Трајковски, моментален репрезентативец на Македонија и играч на Палермо од Италија.

4 6 8