Денес во рамките на последното коло од групната фаза во кадетската група-1, Вардар ја пречека екипата на Македонија ЃП. Момците на Будимир и Станковски одамна обезбедија Ф-4 во оваа категорија. Тие со убедлив триумф ја покажаа и ја потврдија доминацијата во својата група. Екипата функционираше одлично, покажа дека е подготвена за Ф-4. Сите линии беа на нивото на задачите, високата победа беше само “шлаг на тортата“ за она како го одиграа првенството годинава. Веќе со мислите сме на завршниот турнир каде ќе се крунисува нашата одлична работа под менторство на Будимир и Станковски.
Почнавме изедначено со по три гола на двата тима за почетни 3-3, потоа доминираше црвено-црниот тим во целост. Влеговме во серија и за кратко отидовме на плус четири поведувајќи со 9-5. Иако имаше замор кај нашите кадети кои играа вчера сениорски дуел противн Пелисер брозн почнавме да доминираме. Во првиот период газевме па постигнавме двојно повеќе голови од ривалот пред паузата. На одмор заминавме со резултат 24-12.
Вториот дел требаше само да се одработи, додека битката за титула ќе ја водиме следниот викенд. Во вториот период се преслика играта од првите 30.минути. Момците на Будимир стандардно пеколно играат во одбраната, додека казнуваат во нападот. Дури со 25.гола повеќе дојдовме до победа. Резултатот на крајот изнесуваше 46-21.
Пешевски Андреј беше најефикасен со осум гола кај црвено-црните, Петковски Даријан и Мишевски Марио имаа по шест гола. Атанасовски Филип и Мирчевски Давид постигнаа по пет голови