Уште една турбулентна сезона заврши за тимот на ФК Вардар. “Црвено – црните” со денешните 1:1 во Струмица, ја завршија сезоната на втората позиција. Иако завршивме како второпласирани, сепак, оваа сезона нема да играме во квалификациите за Лигата на Европа поради јасни причини.
Денешниот дуел во Струмица се одигра “лежарно” и од двете страни. Во првиот дел речиси и да немаше некое темпо за игра, со по некоја шанса на двете страни. Во вториот дел, се до 65. минута немаше промени на резултатот. Фелипе доби одличен пас од Битанг и биеше прецизно по земја за предност. Не траеше долго предноста на Вардарци, веќе во 75. минута домаќинот израмни на 1:1 со голот на Димов. До крајот на дуелот немаше промени на резултатот.
Останува Вардар бргу да ја заборави оваа сезона, која не донесе ништо значајно за нашиот тим.