Кадетските репрезентативци, предводени од селекторот Денис Дервишевиќ, запишаа две победи на турнирот кој викендот што изминува се одигра во Скопје.
Нашите репрезентативци до 16 години кои се подготвуваат за континенталниот собир во Италија ги нагостија селекциите на Чешка, Полска и на Израел и ги одиграа последните пријателски натпревари во пресрет на Европското првенство. Дел од оваа селекција се и вардарците, Павел Атанасов и Марин Петков.
По ден за одмор, кадетите ќе заминат за Маврово на финално темпирање на формата.
Резултати од турнирот во Скопје
26.07.2019
17:00h Полска – Чешка 73-61
19:00h Македонија – Израел 65-66
27.07.2019
17:00h Чешка – Израел 55-79
19:00h Полска – Македонија 66-71
28.07.2019
10:30h Чешка – Македонија 61-68
19:00h Израел – Полска 82-69