Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Сериозен тест за Вардарци, вечерва дуел со Касимпаша
Сериозен тест за Вардарци, вечерва дуел со Касимпаша

Сериозен тест за Вардарци, вечерва дуел со Касимпаша

Фудбалерите на Вардар вечерва го играат последниот тест натпревар на летните подготовки во Словенија. Денешен противник на “црвено – црните” е тимот на Касимпаша од Турција. Пред Вардар стои голем предизвик против тим кој има искучително искусни фудбалери во својте редови со многу репрезентативни настапи.

67823778_1464059317066572_5382456498565677056_n

Касимпаша доаѓа од турската прва лига, каде минатата сезона заврши како 14 пласиран тим од 18 екипи во најсилната лига на Турција. Како и вообичаено за турски тим, Касимпаша во својте редови има голем број на странски фудбалери, кои во минатото играле важна улога во некој подобри европски тимови. Еден од главните играчи на овој тим е Харис Хајрадиновиќ, кој е роден во нашата земја и кој во минатото ја одби Македонија и се реши да игра за селекцијата на Босна и Херцеговина. Покрај него, тука се и напаѓачот Маме Тиам, кој во минатото бил дел од младинските тимови на Интер и Јуве, а играл за Емполи, како и играчот од средината на теренот Давид Павелка, кој има 20 настапи за селекцијата на Чешка.

Очекуваме еден интересен и динамичен натпревар, на крајот се надеваме со позитивен резултат по нашиот тим. Дуелот вечерва, започнува со почеток од 19 и 30 часот по македонско време. Поради повреда, на овој дуел кај Вардарци нема да настапи Брдаровски.