Денеска во салата „Jасмин“ во Кавадарци ќе започне завршниот Ф4 турнир од одбојкарскиот Куп на Македонија, со полуфиналните натпревари во машка конкуренција.
Третопласираниот тим во домашниот шампионат, екипата на Вардар во првото денешно полуфинале ќе игра против ланскиот финалист Универзитет во Тетово, додека Шкендија, која го крена пехарот во 2011, а годинава е втора на табелата во шампионатот, ќе се сретне со бранителот на двојната круна Струмица 47&72.
Полуфинале одбојкарски куп (мажи),
ДЕНЕСКА:
16.00 Вардар – Универзитет во Тетово
19.00 Шкендија– Струмица 47&72