Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Васил Гогов ја има четвртата најдобра одбрана, во 1/8 финалната рунда на ЛШ
(ВИДЕО) Васил Гогов ја има четвртата најдобра одбрана, во 1/8 финалната рунда на ЛШ

(ВИДЕО) Васил Гогов ја има четвртата најдобра одбрана, во 1/8 финалната рунда на ЛШ

Вардар го одигра последниот натпревар сезонава во Лигата на Шампионите. На гостувањето во Унгарија одигравме со нерешен резултат (31:31) против екипата на Веспрем, но поради поразот од осум голови на првиот натпревар, шампионот на Унгарија се пласира во следната елиминациска рунда.

Медија тимот на ЕХФ направи избор на ТОП-5 најдобри одбрани во 1/8 финалната рунда. Во него се најде и младиот голман на Вардар, Васил Гогов, кој ја има четвртата најдобра одбрана. Видеото со најдобрите пет одбрани можете да го погледнете на линкот, ТУКА.