Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Вардар ќе игра финале во Купот на Македонија
Вардар ќе игра финале во Купот на Македонија

Вардар ќе игра финале во Купот на Македонија

29-ти Куп на Македонија (Кавадарци)

Струмица 47&72 и Вардар ќе играат во финалето на 29-от Куп на Македонија во одбојка чијшто завршен турнир се одржува во Кавадарци.

Вардар во полуфиналето беше подобар од Универзитет во Тетово со 3:2, по сетови 21:25, 25:23, 25:20, 19:25 и 18:16. Блажовски заработи 25 поени, а Џирлиќ 15 за црвено – црните одбојкари, кои што в недела ќе играат за вториот пехар во купот откако ја освоија двојната круна во 2013-та година.

Дуелот в недела за трофеј, ќе има и ТВ пренос.