Кошаркарскиот клуб на Вардар генерација 2001 (М-14) се пласираше во полуфиналето на националното првенство, победувајќи ги Јуниор и на вториот натпревар со резултат 77-67. Така ја добија четврт-финалната серија со 2:0, откако претходно славеа победа и на гостински терен (68:71).
Оваа генерација во полуфиналето ќе се сретне со екипата на Работнички, каде исто се игра во два добиени натпревари. КК Вардар им честита на екипата на Јуниор за спортската и фер борба и исто така со полно срце им посакуваат среќа во финалето на М13 првенството!