Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ!! Вардар е Шампион во Купот на Македонија
КУГЛАЊЕ!! Вардар е Шампион во Купот на Македонија
Пехарот за Шампион во Купот и за вицешампион во лигата кој им ги додели федерацијата на КК Вардар!

КУГЛАЊЕ!! Вардар е Шампион во Купот на Македонија

Кугларски Клуб Вардар го освои купот на Македонија! Денес во кугланата Мусандра  се одржа последното кугларско натпреварување за оваа сезона – Македонскиот кугларски куп, на кој нашиот црвено-црн кугларски колектив беше подобар од  останатите седум кугларски клубови кој патиципираат во кугларската лига на земјава.

vardarfans diploma

Вардарци го освоија “Претседателскиот куп-2015 “ од првиот одбид од првата сезона во од како фунционираат во ваков формат во Македонската кугларска лига . Купот имаше осум учесници ама најуспешни беа нашите момци со 3407 соборени “дрва“ во шесте серии колку што имаше куп натпреварувањето. За подсетување КК Вардар е вице-шампион на земјава денес од Македонската кугларска федерација им беше доделен и тој трофеј .

ЧЕСТИТКИ ЈУНАЦИ ЗА ТРОФЕЈОТ ОД ВАРДАРФАНС!!!

П.С Наскоро поопширно на нашиот сајт за овој трофеј .