Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дуел за бронза со Динамо
Дуел за бронза со Динамо

Дуел за бронза со Динамо

Денеска со почеток во 14 часот и 30 минути нашите девојки ќе го одиграат натпреварот од малото финале против рускиот шампион екипата на Динамо од Волвоград.
Овие два тима ќе се сретнат повторно, по поразите во 1/2 финалето од екипите на Будуќност, односно Ларвик.
Сите посакуваме овој пат нашите девојки да го освојат барем 3-то место што би значело добар успех и оваа сезона во Лигата на Шампионките. Со тимот на Динамо добро се познаваме, одигравме два меча, по еден во Скопје, и во Русија, на кој и двата домашни тима се радуваа на победи.
Очекуваме овој пат на неутрален терен да ги добиеме русинките, и да ја освоиме бронзата од овој завршен турнир.
Напред девојки, глава горе, одиме по бронза!
Фото: zrkvardar.mk