Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар со победа во првиот пролетен дуел , Комбат во елемент
КК Вардар со победа во првиот пролетен дуел , Комбат во елемент

КК Вардар со победа во првиот пролетен дуел , Комбат во елемент

На првиот пролетен дуел КК Вардар со победа го почна походот кон врвот во лигата . Во саботата во малата сала во Спортскиот Центар Кале, црвено-црните кошаркари издвојуваа победа над тимот на Ангели со 72-58. Во есенскиот дел единствен пораз КК Вардар го доживеа токму од тимот на Ангели со само два поена , и во оваа прилика му се реваншираше . КК Вардар во првото коло од пролетниот дел беше слободен, бидејќи Третата Македонска кошаркарска лига во која се натпреварува има 7 учесници . Со победата Вардарци се вратиа на врвот на кој претендираат и се блиску до промоција во Втората Македонска кошаркарска лига, во наредната натпреварувачка сезона . Следен дуел за кошаркарите на Вардар е нагости со тимот на Пробаскет кој е закажан 14 Март Сабота . На првиот дуел со тимот на Пробаскет во есенскиот дел во салата Кале Вардар издвојува убедлива победа 93-57 .

87

На мечот неодминлив декор беше навивачката група на КК Вардар верните секогаш подржувачи на Црвено-Црниот Кошаркарски тим КОМБАТ 87 .  Во третата лига единствено Вардар има подржувачи кој како верна сенка го следат . На мечот КОМБАТ 87 имаа интереси пароли ,мали бајраци и нормално ја создадоа препознатливата атмосфера за нив . Комбат и ако во исто време играше РК Вардар во СЕХА Лигата се одлучија на нивниот миленик КК Вардар да му дадат безрезервна подршка .