КК Вардар повторно „жнее“ награди во младинските категории, вчера се одигра финалниот ден на завршниот турнир во Скопје за момци до 16.години. Во „малото“ финале црвено-црните се сретнаа со екипата на МЗТ Скопје и дојде до победа со 18.поена повеќе, сосема заслужено бидејќи доминиравме во текот на целот дуел со „штркчињата“. Победата дојде со резултат 109-91.
Ден претходно, екипата на Работнички обезбеди да игра во финалето на М16 лигата во машка конкуренција откако извојува победа против Вардар со резултат (97:85).