Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар М14 пролетта ќе ја започне од врвот на табелата
КК Вардар М14 пролетта ќе ја започне од врвот на табелата

КК Вардар М14 пролетта ќе ја започне од врвот на табелата

Екипата на Вардар е онаа со најдобар ефект по затворањето на календарската 2021 година. Младите „вардарци“ имаат максимални шест победи во исто толку одиграни натпревари од досегашниот дел на М14 лигата.

Исто толкав број на победи се и на контото на екипата на Феникс 2010. Со забелешка дека зад нив е и еден пораз, токму од лидерот на табелата – Вардар (69:135).

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД ВО М-14 ПРВА ЛИГА

Во западната конкуренција, онаа која се води како второлигашка, водечка е екипата на Вибас од Скопје која има ефект од четири победи и еден пораз. Зад нив е со исто така само еден пораз е Работнички 2018, додека на третото место, моментално е екипата на ИБА Баскет (3-2).

Во групата „Исток“, лидер е екипата на Струмица која има два триумфи во три одиграни натпревари, а две победи се и зад младите кошаркари на Спортисимо.