Момците на Александар Јованчев, тимот на КК Вардар утре ќе го одигра 3-тиот дуел оваа есен во Првата кошаркарска лига. Досега имаме два пораза во воведните две одиграни рунди од сезоната 2020/2021.
Утре, среда (16/12/2020) сме домаќини во малата сала “Кале“ на екипата на ФМП Академија. На дуелот кој е закажан со почеток во 17:00 часот, судиската правда ќе ја делат: А.Павлов, И.Мијалковски и В.Цветаноски. Нашиот утрешен ривал досега одигра три напревари, на истите дојде до две победи и еднаш беше поразен.