Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Листа на стрелци кај Вардар: Цветаноски го ,,зграби” првото место!
Листа на стрелци кај Вардар: Цветаноски го ,,зграби” првото место!

Листа на стрелци кај Вардар: Цветаноски го ,,зграби” првото место!

Остана уште само едно коло до заокружувањето на есенската полуетапа во ПМФЛ. Вардар по четири натпревари без победа, ќе мора да се ,,вади” утре во Струмица и тоа кај последнопласираната екипа на Беласица, која сезонава игра во лоша форма.

Пред утрешното последно коло, да направиме ,,пресек” и да видиме како котираат Топ-петте стрелци кај ,,црвено – црните”:

Матеј Цветаноски (5) гола
Мартин Мирчевски (3) гола
Дарко Мицевски (3) гола
Јован Попзлатанов (3) гола
Филип Петковски (3) гола

Утрешниот дуел на Беласица и Вардар, започнува со почеток од 13.00 часот.