Почнува 10. сезона во СЕХА Газпром лигата
Јубилејната 10. сезона во регионалната СЕХА Газпром лига почнува овој месец, а Вардар 1961 влегува како актуелен вице-првак и петкратен освојувач.Сезонава ќе има 10 екипи поделени во две групи, а со одлука на Извршниот Комитет клубовите ќе бидат поделени во групи. Во едната група се Вардар 1961, Мотор Запорожје, Нексе и Војводина, а во другата: ППД Загреб, Металопластика, Еурофарм Пелистер и Татран.
Екипите на Мешков и Веспрем ќе играат директно во четврт-финалето на лигата. Системот на натпреварување останува ист. По одигрување на регуларниот дел следува плејоф, па четврт-финале и Ф4 турнир. Првите натпревари од СЕХА лигата се закажани за 17 декември. Тогаш играат Нексе – Војводина, а н а21 декември се среќаваат Еурофарм Пелистер – Металопластика.
Вардар е најтрофеен тим во ова натпреварување со вкупно пет трофеи.